Breaking News

Египет ги повика Хамас и Израел да покажат флексибилност и што поскоро да постигнат примирје во Газа


Египет апелираше до Хамас и Израел да покажат флексибилност со цел што поскоро да се постигне прекин на огнот во борбите во Газа, соопшти утрово египетското Министерство за надворешни работи.


Египет смета дека преговорите во Каиро, кои не доведоа до договор за прекин на огнот оваа недела, во моментов се во „деликатна фаза“, додека делегациите на Хамас и Израел го напуштија египетскиот главен град, се вели во соопштението.


Во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри ја нагласи „важноста да се повикаат страните да покажат флексибилност и да ги направат сите неопходни напори за да постигнат договор за прекин на огнот и на тој начин да се стави крај на хуманитарната трагедија во Газа“, соопшти Министерството.

Каиро стравува од опасноста израелската операција во Рафах да ја загрози стабилноста и безбедноста на регионот, се додава во соопштението на египетската дипломатија.


Блинкен потврди дека САД се против голема воена операција во Рафа и какво било принудно раселување на Палестинците од Газа, изјави неговиот портпарол Метју Милер. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА