Променливо облачно и нестабилно

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови од земјата. Од пладневните часови локално ќе има услови за појава на невреме со пообилни врнежи од дожд, грмотевици,  засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната од 14 до 21 Целзиусов степен.