Breaking News

Едукативна работилница за градење на капацитети на организации и центри за стручно образование


 Триесет учесници од мали и средни претпријатија, занаетчиски работилници, регистрирани земјоделски стопанства, фирми во сопственост или управувани од жени, како и формални и неформални образовни институции втор ден ја посетуваат обуката што ја спроведува Центарот за развој на Скопски плански регион во рамки на проектот „Шанса за тебе“, дел од ИПА II програмата за прекугранична соработка со Србија 2016-2020.


Главната цел на „Информативно едукативната работилница за градење на капацитети на организации и центри за стручно образование и обука за развој и акредитација на програми и вештини и усовршување“ е да се информираат  и обучат малите и средните претпријатија, како и образовните центри за можностите и придобивките од развивањето и акредитирањето на програмите за стручно образование и обуките за стекнување вештини.


Присутните ќе бидат информирани и едуцирани за процедурите, тековните регулативи и барања за акредитација во нивните организации.

Во информативниот дел присутните се запознаваат подетално со правната рамка за развој на Програмата за стручно образование и обука за стекнување вештини, кои се клучни актери во развојот на Програмата за стручно образование.


Едукативниот дел, пак, е за стекнување на вештини, вклучувајќи ги чекорите во процесот на акредитација, како и со предностите од развојот и акредитацијата од гледна точка на малите и средни претпријатија и претприемачи.

вј/лв/Фото: МИА архива .


Извор: МИА