„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели“, Макрон на македонски и ја честиташе победата на Силјановска Давкова

490

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за претседател“, се вели во честитката на францускиот претседател Емануел Макрон објавена на неговиот официјален Фејсбук профил, напишана на македонски јазик.

„Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, се вели во честитката на Макрон за изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседателка на Македонија.