EPA-EFE/JUSTIN LANE

Честите повреди на Карлос Алкараз (21) ги натера многумина да се сомневаат во блескава кариера на шпанскиот тенисер и покрај тоа што важи за еден од најталентираните играчи на денешницата. Тој до сега освои две Грен-слем титули, прво на САД Опен во 2022 година, а потоа и на Вимблдон, една година подоцна.

Алкараз е еден од претставниците на новата генерација на светскиот тенис, неговиот стил на игра ја воодушевува публиката, внимава што кажува надвор од теренот и е еден од милениците на многумина. Од него се очекува во иднина да освои повеќе грен-слем трофеи, ги има сите предиспозиции за тоа, а главен ривал барем во досегашниот дел од кариерата му е Италијанецот Јаник Синер.

Алкараз моментно паузира поради повреда, а многумина го истористија тој момент да го споредат со неговиот сонародник, далеку поуспешниот Рафаел Надал.

Карлос сè уште е далеку од Рафа, има уште многу да игра за да ги достигне неговите височини, но истава впечаток дека исто како и неговиот сонародник, ќе си има сериозни проблеми со повредите, барем според неговите почетоци.

Алкараз треба да се појави на Ролан Гарос, кој стартува за нешто повеќе од една недела, но засега ништо не е потврдено.

Веќе беше прв на АТП ранг-листата, сигурно ќе биде на тоа место и во иднина, но дали може да го одржи тоа постојано да биде на самиот врв?