Макрон на македонски јазик ѝ честиташе за победата на Силјановска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон на македонски јазик испрати честитка до Гордана Силјановска Давкова по повод нејзината голема победа на претседателските избори.

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, напиша Макрон на Фејсбук.