Макрон со порака на македонски јазик ѝ честиташе на Силјановска Давкова

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон на македонски јазик испрати честитка до Гордана Силјановска Давкова по повод нејзината голема победа на претседателските избори.

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, напиша Макрон на Фејсбук.

Поврзани новости