Кривична пријава против директорка на средно училиште во Делчево: Извршила набавки без да спроведе транспарентна постапка

287

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц.(52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавената, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.