Честитки за победата на Силјановска Давкова од регионот и Европа – таа одговара на мајчиниот јазик на секој поединец

304

Победата на првата македонска жена претседател, Гордана Силјановска Давкова и ја честитаа лидери од регионот и Европа.

Меѓу нив се претседателката на Словенија, Нашата Пирц Мусар, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претседателот на Латвија, Едгар Ринкевич, постојаниот координатор на ООН во Македонија, Росана Дуџак, итн.

Силјановска-Давкова благодарност за добиените честитки искажа на англиски јазик, но и на мајчиниот јазик на сите кои и ја честитаа победата.

Преписката со сите лидери кои и ја честитаа победата на новоизбраната претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, може да се следи преку нејзиниот налог на социјалната мрежа Х, на следниот линк:

https://twitter.com/gogamkd?lang=en