Зеленски и честиташе победа на Силјановска Давкова: Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и честиташе победа на Гордана СИлјановска Давкова.

„Честитки за Гордана Силјановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во спротивставувањето на руската агресија. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа“, вели Зеленски.