Поранешниот НФЛ играч, Девин Фансис (29), е првиот играч од професионалниот американски фудбал кој професионално ќе се испроба и во кошарката.

Американските медиуми пренесуваат дека Фансис потпишал договор со тимот на Карибиан Сторн Љанерос, кој се натпреварува во колумбиската елитна лига.

Зад Девин се седум години играње во НФЛ лигата, а најдлабока трага остави во тимот на Каролина Пантерс (три сезони). Тој исто така играше и за Индијанаполис Колтс, Грин Беј пекерс, Сан Франциско Фортинајнерс и Детроит Лајонс. Неговиот последен ангажман во НФЛ беше пред две години.

Во исто време играше и кошарка, иако рекреативно, но секогаш имаше силна желба да се испроба во професионалните води.

  • Му кажав на мојот дедо кога бев дете дека еден ден ќе освојам Супербол и дека ќе направам кариера во кошарката, изјави неодамна Фансис.

Првата не му успеа, но втората желба ќе му се оствари. Тој најави дека во септември ќе ги тестира своите кошаркарски способности во летната НБА лига.