ФОТО I Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска Давкова

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова.

Тој својата порака ја објави на социјалната мрежа X.

-Честитки за Гордана Силјановска Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во спротивставувањето на руската агресија. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа, напиша Зеленски.