Фото: З.А

Вечерва во ликовниот салон од Центарот за култура во Кичево, за прв пат се претстави ликовниот уметник од Гостивар, професорот Башким Меџити.

-Вечерва за прв пат со своја самостојна изложба се претставив пред љубителите на уметноста од Кичево. Изложбата ја сочинуваат 26 слики од среден формат изработени во масло на платно, акрил на платно и во кобинирана техника. Овој опус на слики е изработен во периодот 2021 – 2023 година. Со поголемиот дел од овие слики се претставив и на ликовни изложби организирани во источниот дел од земјава а моја интенција беше овие дела да ги видат поголемиот број градови во земјава – истакна Меџити и посочи дека ова е негова девета самостојна изложба, додека во исто време бил дел и на голем број групни изложби организирани во земјава а најмногу во Скопје и во една прилика и во Солун.

Тој најави и нови гостувања со дела кои се уште не се претставани пред љубителите на уметноста од земјава. З.А