30 пратеници Албанци во Собрание – нови, но и стари имиња во парламент

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новото Собрание на РСМ ќе има 30 пратеници Албанци. Тие доаѓаат од коалициите Европски фронт, ВРЕДИ но и од СДСМ.

Но кои се новите имиња кои ќе ги видиме во Парламент а кои се старите кои ќе гои гледаме и во следните 4 години?

Најмногу Албанци доаѓаат од ИЕ6. Овде, според листата на ЕФ која ја предводеше Али Ахмети, за пратеници се избрани и Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Тачи, Рина Ајдари, Илир Демири и Фатмире Исаки. Од ВРЕДИ, чија листа ја предводеше Биљал Касами, за пратеници се израни и Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир ЛИмани, Саранда Имери Стафаи и Садик Сулејмани.

Во ИЕ5, каде носител беше Зијадин Села од ЕФ, за пратеници се избрани и Муса Џафери и Арбана Пашоли. Во оваа ИЕ, ВРЕДИ обезбеди само еден мандат со Салим Сулејман.

Во ИЕ2, ЕФ освои 4 мандати-Садула Дураку, Скендер Реџепи Зејд, Дијана Тоска и Елми Азири. ВРЕДИ освои 3 пратеника, Африм Гаши, Ријад Шаќири и Мерита Коџаџику. Од ИЕ2 за пратеник е избран и Фатмир Битиќи од листата на СДСМ.

Во ИЕ1, од листата на ЕФ, пратеници ќе бидат Блерим Беџети и Илир Хасани. Овде може да има промена на имињата доколку Беџети ако остане градоначалник на Сарај, но и по нив на листата следат двајца Албанци. Што се однесува до ВРЕДИ, од ИЕ2 за пратеници се избрани Изет Меџити и Беким Сали.

Во ИЕ 4 и 3, икао имаа кандидати за пратеници, ВРЕДИ и ЕФ не освоија ниту еден мандат.