Уапсени тројца мажи во Манчестер – ПОДГОТВУВАЛЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ

118

Британската полиција уапсила тројца мажи под сомнение дека извршиле, подготвувале и поттикнувале терористички акти во пошироката област на Манчестер, соопшти денеска полицијата.

Апсењето на лицата за тероризам на возраст од 35, 36 и 51 година било извршено на посебни локации во средата вечерта, пишува Гардијан.

„Денешната активност беше кулминација на деталното планирање и презедовме мерки за да ja минимизираме штетата врз локалните жители колку што е можно повеќе“, рече помошник началникот на полицијата, Роб Потс.

„Нема опасност за жителите“
Тој нагласи дека, иако полицијата не е во можност да сподели повеќе детали, истражителите веруваат дека нема непосредна опасност за жителите.

Тој додаде дека деталите ќе бидат објавени како што ќе напредува истрагата.