ЧАУ-ЧАУ ПАНДА!? Кинеска зоолошка градина бојосувала кучиња за да личат на панди – обвинета е за лажно рекламирање/ВИДЕО

149

Зоолошката градина Таиџоу во источната кинеска провинција Џиангсу е обвинета за лажно рекламирање затоа што ги измамила посетителите да мислат дека ќе видат панди бојосувајќи го крзното на кучиња од расата чау-чау во црно-бело за рекламни цели.

Зоолошката градина на 1 мај на социјалните мрежи ја објави веста за новата поставка „куче панда“ која чини 2,58 евра, но посетителите се разочараа кога пристигнаа во градината и видоа дека се работи за бојосани кучиња, пренесува Sky News.

Работникот од градината ги отфрли обвинувањата за лажно рекламирање, нагласувајќи дека тоа е само нова понуда за посетители која не се наплаќа дополнително, а во огласот прецизно пишувало дека се работи за чау-чау кучиња, пренесува Танјуг.

Портпаролот на градината го бранеше овој потег посочувајќи дека „луѓето си ја бојосуваат косата“.

„Природната боја може да се користи за кучиња ако имаат долго крзно. Немаме панди во зоолошката градина и затоа го направивме ова“, додаде тој.