Италијанската тенисерка Камила Џорџи (32) стави крај на тениската кариера. Иако официјално не објави крај на кариерата, сепак, италијанските медиуми пишуваат дека тоа е само прашање на денови.

Џорџи имаше многу успешна кариера, освои четири титули, а најголемиот успех го постигна на грен-слем турнирите во 2018 година, кога играше во четвртфиналето на Вимблдон. Најдобриот пласман во кариерата останува нејзиното 26. место, исто така од 2018 година. На Олимписките игри во Токио беше елиминирана во четвртфиналето, а последен пат беше на теренот во март на мастерс-турнирот во Мајами.

Нејзиното пензионирање не е големо изненадување со оглед на тоа што долго време покрај тенисот води успешна манекенска кариера. Таа на социјалните мрежи редовно објавува фотографии во долна облека за да го промовира сопствениот бренд „Џомила“.

Повеќе од 720.000 следбеници ја следат на Инстаграм, така што и е загарантирано висококвалитетно рекламирање. Како што наведува италијанската „Газета“, Џорџи сега целосно ќе се сврти кон манекенството и бизнисот со долна облека.