Најдобриот фудбалер во дресот на калчолигашот Џенова, Матео Ретегуи, е најновата желба на сега веќе поранешниот шампион на Италија, тимот на Наполи. „Азурите“ се во потрага по фудбалер кој може да биде достојна замена на нигерискиот интернационалец Виктор Осимен, кој ќе биде продаден ова лето, а понудата за напаѓачот на Џенова не смее да биде помала од 50 мил. евра.