Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка!

„Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка“!

Ова е објава на Фејсбук на градоначалникот на „Гази Баба“ Бобан Стефковски со која се бара остсвка од градоначалничката на Град Скопје по вечрашните избори, на кои нејзината пратија Нова алтернатива освои само 2584 гласа.

„Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција која се избира на непосредни избори извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник..
Бројките велат дека во 2021 година, Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови.
По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје.
Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска.
Скопјани вчера и порачаа на Арсовска дека е време да си замине!
Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на градот Скопје, бидејќи тоа е волјата на скопјани.
Време е Скопје да се врати на скопјани“, вели Стефковски.