Словенија започна процедура за признавање на Палестина

104

Словенечката министерка за надворешни работи, Тања Фајон, денеска потврди дека Словенија ќе го започне процесот за признавање на Палестина како независна држава.

Говорејќи пред словенечката влада, Фајон изјави дека тоа е „неповратен чекор“ и дека наскоро до парламентот на оваа земја ќе биде испратена иницијатива за признавање на палестинската независност.

Како што дополнително појасни таа, откако владата ќе го испрати барањето до Собранието на Словенија, рокот за расправа за ова прашање започнува во рок од еден месец. Се очекува одлуката да биде позната до 13 јуни, пренесува Кликс.

Покрај Словенија, до крајот на овој месец независноста на Палестина треба да ја признаат и неколку други земји-членки на ЕУ. Меѓу нив се Шпанија, Малта и Ирска.

Од сегашните земји-членки на ЕУ, Палестина е призната од Кипар, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија, Романија, Полска и Шведска.

Во ОН, од 193 земји-членки, 143 ја признаваат Палестина како независна држава, но полноправното членство во неколку наврати беше блокирано во Советот за безбедност. Во секое гласање ветото беше наложено од САД.