Податоците од Кина и САД ја кренаа на нафтата над 84 долари

Цените на нафтата се искачија над 84 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи намалените залихи во САД и подобрениот кинески увоз ги намалија стравувањата од слабеење на побарувачката кај двата најголеми светски потрошувачи на енергенси.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување изнесуваше 57 центи повеќе отколку на затворањето на тргувањето во средата и изнесуваше 84,15 долари. Речиси за исто толку порасна и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 79,55 долари.

Поради празникот во Австрија, каде што е седиштето на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), во средата не ја објави цената на барел од референтната нафтена кошничка на нејзините членки. Во вторникот чинеше 83,6 долари.

Трговците беа охрабрени во четвртокот од падот на залихите на нафта во САД за 1,4 милиони барели минатата седмица, според извештајот на Министерството за енергетика објавен во средата. Аналитичарите очекуваа поскромно намалување, за 1,1 милион барели. Министерството го објаснува падот на залихите на нафта со зголемена рафинериска преработка, за 307.000 барели дневно.

Податоците ги отфрлија стравувањата од забавување на побарувачката кај најголемиот светски потрошувач, откако извештајот на здружението на производители на API, според наводите на тамошни извори, покажа мало зголемување на залихите, за околу 500.000 барели.

Инвеститорите беа расположени и од податоците од Кина, откако тамошната царинска управа објави дека во април имало зголемување на увозот на нафта за 5,45 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Кинеските купувачи во април увезле 44,72 милиони тони нафта, што одговара на 10,88 милиони барели дневно.

„Пазарите на нафта беа поттикнати од поостро од очекуваното намалување на залихите во САД и дополнително поттикнати од подобрените податоци од трговскиот биланс на Кина“, заклучи независната аналитичарка Тина Тенг.