fbpx

Дали АЛКОХОЛОТ може да ги ВЛОШИ симптомите на МЕНОПАУЗА?

tonus

Во оваа статија ќе зборуваме за ефектот кој го има алкохолот врз симптомите на менопауза, односно ќе погледнеме каков е механизмот на дејство на алкохолот кај жените во менопауза и дали тој може да ги влоши веќе непријатните симптоми.

 

Зошто се појавуваат непријатни симптоми за време на менопаузата?

Хормоните играат клучна улога во одржувањето на рамнотежата и правилното функционирање на различните физиолошки процеси во човековото тело. Овие хемиски стимулатори се произведуваат од ендокриниот систем и се ослободуваат во крвта, каде што патуваат до целните органи и ткива за да регулираат и координираат широк опсег на функции. Поради ова, неопходно е нивното ниво да е урамнотежено и константно. Но, сепак постојат периоди во сечиј живот каде доаѓа до природни осцилации и промени во нивото на нашите хормони, а еден таков период кај жените е менопаузата. Поради ваквите промени, жените во менопауза често имаат и непријатни симптоми. Еден од ваквите симптоми кои е речиси секогаш присутен и денес ќе го споменеме се топлите бранови.

Според досегашните податоци, се смета дека топлите бранови се јавуваат како резултат на нарушувања во телесниот ,,систем за контрола на температурата”, контролиран од централниот нервен систем (ЦНС), кој пак е во нераскинлива врска со опиоидниот систем.

Така, сосема логично може да се заклучи опијатите можат да делуваат и да ја променат телесната температура, директно или индиректно. 

"“Online”/

Интересно, но сосема впечатливи сличности постојат помеѓу непријатните симптоми на откажувањето од опијатите и топлите бранови во периодот на менопаузата.

[Поврзано: Дали МЕНОПАУЗАТА може да го покачи нивото на ХОЛЕСТЕРОЛ?]

 

Како влијае алкохолот врз непријатните симптоми на менопаузата?

Консумацијата на алкохол може значително да влијае на симптомите на менопаузата, влошувајќи неколку физиолошки и психолошки манифестации поврзани со оваа состојба. Научните докази покажуваат дека внесот на алкохол може да ги влоши топлите бранови и ноќното потење, два карактеристични симптоми на менопаузата, со менување на терморегулаторните механизми на телото и вазомоторните реакции. Покрај тоа, алкохолот делува како вазодилататор, предизвикувајќи проширување на крвните садови, а со тоа всушност може да го засили чувството на топлина.

Честата консумација на алкохол го нарушува и режимот на спиење, влошувајќи ја несоницата, која веќе е присутна кај жените во менопауза. Дополнително, алкохолот може да го наруши и нивото на хормоните, особено естрогенот, кој игра клучна улога во симптоматологијата на менопаузата. Ваквиот дополнителен хормонски дисбаланс може уште повеќе да ги влоши симптомите, но и промените во расположението, анксиозноста и депресијата кои вообичаено се доживуваат за време на менопаузата. 

Понатаму, внесот на алкохол може да влијае негативно и на здравјето на коските, зголемувајќи го ризикот од остеопороза, состојба за која веќе има зголемен ризик во постменопаузата поради намалувањето на нивото на естроген. Затоа, намалената употреба или целосното елиминирање на алкохолот може да помогне да се ублажат симптомите на менопаузата и да се одржи целокупна благосостојба при оваа неизбежна фаза од животот на секоја жена.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор