Пендаровски веројатно ќе се откаже од привилегиите и се враќа како професор на реномираниот меѓународен универзитет Американ Колеџ Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Извори на ТВ21 дознаваат дека претседателот Стево Пендаровски на кој му завршува мандатот ќе се откаже од привилегиите кои му следуваат согласно законот. Пендаровски најверојатно нема да користи државен кабинет со работници и доживотна државна пензија. Според нашите извори тој најверојатно ќе се врати како професор на реномираниот меѓународен универзитет Американ Колеџ Скопје.

Како што дознава ТВ21, Пендаровски веќе започнал со консултации со бордот на Универзитетот, но и со други соработници околу неговото враќање како професор.

Пендаровски како професор работеше и пред да ја преземе функцијата, претседател на државата. Тогаш студентите често знаеја да речат дека тој е нивниот омилен професор.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје, важи за еден од приватните универзитети во земјава со неколку меѓународни акредитации. Таму предаваат професори од меѓународни реномирани универзитети, но и видни членови, односно поранешни политичари од двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои сега не се политички активни.

Од наставниот кадар на УАЦС често има претставници во Владите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.