Одлуката ќе биде донесена вечерва: Воениот кабинет на Израел свика „судбоносен состанок“

by Fokus

Воениот кабинет на Израел вечерва на „судбоносна“ средба со најблиските членови на израелската влада задолжени за безбедноста ќе одлучи како да продолжи борбата во Газа и Либан.

Таа средба доаѓа по одлуката на Белата куќа делумно да ја прекине испораката на оружје.

Како што објави израелскиот весник „Израел Хајом“, гневот во Израел го предизвика одлуката на САД да ја прекинат испораката на тешки бомби и предупредувањето на Бајден дека нема да испорача офанзивно оружје во таа земја доколку војската „оди“ во Рафа, во крајниот југ на Појасот Газа, како што најавува со месеци и каде, како што тврди, се последните баталјони на палестинскиот исламистички Хамас.

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска објави дека околу 80.000 луѓе избегале од Рафах откако израелската армија ги засили воените операции во градот.

„Откако операциите на израелските сили се интензивираа на 6 мај, околу 80.000 луѓе избегаа од Рафа“, објави УНРВА на платформата X, предупредувајќи дека страдањето на тие семејства е неподносливо и дека никаде не е безбедно, објави Франс прес.

Неименуван израелски функционер рече дека прекинот на испораката на оружје од САД може да го принуди Израел да ги промени своите оперативни планови во Газа.

Поврзани новости