Македонија
9. May 2024 - 17:31

Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор

Вчера во 13.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во место викано „Црно поле“, атар на Неготино, Т.К.(62) од Неготино, додека извршувал земјоделски активности на нива со трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Т.К. бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино, соопшти МВР.