Девојката на познатиот фудбалер е малтретирана поради изгледот

225

Дека убавината секогаш е во очите на гледачите докажуваат бројните коментари на фановите на ѕвездата на Арсенал, Деклан Рајс, кои овој пат претераа, коментирајќи го изгледот на неговата девојка, за која сметаат дека „не е за него“ поради нејзиниот физички изглед.

Играчот за врска е осум години во врска со Лорен Фрајер, а тоа низ што минува во моментов е тешко да се раскаже, а уште потешко да се објасни.

Имено, Лорен поради негативни коментари и навреди за нејзиниот изглед реши да ги избрише сите објави од Инстаграм и целосно се повлече од јавниот живот.

На социјалната мрежа Х, тролови почнаа да ја навредуваат неговата девојка минатата година, посочувајќи дека Рајс има исклучително „ниски стандарди“. Вознемирувањето станало неподносливо во моментот кога Лорен решила целосно да се повлече од социјалните мрежи, нема нови објави, а последните се обидела да ги избрише.

„Тој може многу подобро од неа“, „Изгледа страшно“, „Не му е ниту до колената“, „Колку пари заработува и види со кого излегува“, „Како може да биде со некоја како неа“, се само дел од коментарите.

Ситуацијата секако отиде предалеку во моментот кога фудбалерот на официјални прес-конференции беше испрашуван за неговата девојка, а тој веднаш им одговори.

“Таа е љубовта на мојот живот. Нема ништо подобро за мене”, рекол тогаш.

Сега во одбрана на младата мајка излегоа и многу други корисници на социјалните мрежи кои истакнаа дека ова што се случува ги преминало сите граници.

„Оставете ја на мира, не ми се верува колку ниско паднавме како општество“, „Никому ништо не направи, оставете ја девојката на мира“, „Ова е дното на човештвото, ова е страшно“, се дел од коментарите.

Инаку, Лорен и Деклан имаат 25 години, заедно се од средно училиште, а во 2022 година го добија синот Џуд со кој фудбалерот го поминува целото слободно време.