Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии

by Fokus

„Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место.

1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.

2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.

3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.

Македонија ќе биде повторно твоја!“ напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани новости