Бојадисани училниците во ООУ „Димо Хаџи Димов“

52

Основното училиште ,,Димо Хаџи Димов” доби нови бојадисани училници и ходници, во кои учениците по пролетниот распуст, ја продолжија образовната програма од второто полугодие.

– Со почетокот на оваа учебна година, освен бојадисувањето во ООУ ,,Димо Хаџи Димов”, освежени беа и основните училишта ,,Петар Поп Арсов”, ,,Аврам Писевски” и ,,Војдан Чернодрински”, во кои се употреби посебна антиалергена боја за варосување, а онаму кадешто имаше потреба, се глетуваше и се фарбаше со мрсна боја – соопштија од Општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски истакна дека очекува по ребалансот на буџетот, да се одобрат финансиски средства и за останатите училишта, и ова лето да се обноват сите десет училишта во Карпош.

– Потребно беше комплет да се бојадисаат училиштата, бидејќи тие целосно се реконструирани во 2011-2012 година и сега се навраќаме повторно по 12 години – заврши Јакимовски.