В сабота организирано набљудување на птиците во Градски парк  

318

Орнитологот Данка Узунова ќе ги едуцира присутните за правилното користење на двогледот, за правилниот начин на набљудување на птиците, нивните имиња, нивните навики и траекторија на движење.

Освен овој настан, во текот на мај е планирана и едукативна посета на пештерата Пешна кај Македонски Брод, а во текот на јуни ќе има и едукативна екскурзија во околината на Скопје

 

Македонското еколошко друштво, в сабота во Градски парк го организира традиционалниот настан „Птичарење во парк“ кој ќе се одржи во Градскиот парк.

Како што објасни Искра Манојлоска, координатор за комуникации во МЕД, станува збор за организирано набљудување на птици во градскиот парк во Скопје, каде што орнитологот Данка Узунова ќе ги едуцира присутните за правилното користење на двогледот, за правилниот начин на набљудување на птиците, нивните имиња, нивните навики и траекторија на движење.

– Настанот е бесплатен за членовите на Македонско еколошко друштво. Би сакала да ги охрабрам сите кои сакаат да учествуваат во настани и активности од овој тип, да станат членови на нашето здружение на граѓани – појасни Манојлоска.

Таа додаде дека освен овој настан, во текот на мај организираат и едукативна посета на пештерата Пешна кај Македонски Брод, а во текот на јуни ќе има и едукативна екскурзија во околината на Скопје.

– Идејата е граѓаните подобро да се запознаат со природата, да ја засакаат, за подобро да ја сочуваат – заклучи Манојлоска.

(А.П.)