Мицкоски: Очекувањата се големи, одговорноста кон народот уште поголема

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека имал состанок со носителите на изборните единици на кои било разговарано за коалицирањето и формирање на идна влада.

„Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место.

1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.

2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.

3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.

Македонија ќе биде повторно твоја!“, напиша Мицкоски.