Муцунски: Со над 280.000 гласови разлика беше поразена корумпираната власт – народот одбра промени, а СДСМ и ДУИ да одат во опозиција


Вчера се случи историја.


Вчера народот повторно ја направи Македонија своја и горда и јасно покажа дека Македонија треба да чекори во правецот на напредокот, успесите, реформите и европските стандарди.


Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните.

Затоа упатувам огромна благодарност до сите граѓани, вклучително и дијаспората, кои патуваа и по стотици и илјадници километри да го дадат својот глас за промени. .


Извор: МИА