Се редат оставки во СДСМ, најновата е од Тренчевска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јована Тренчевска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, денеска објави дека се повлекува од функцијата претседател на Форумот на жени во СДСМ.

Потенцираше дека од функцијата се повлекува целосно одговорно и самосвесно.

„Со вчерашниот изборен ден покажавме дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот! Онака како што и треба да биде.

Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка!  Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани.

 Затоа денес се повлекувам од мојата функција како претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните“, напиша Тренчевска.