Двојно повеќе неважечки ливчиња на претседателските од парламентарните избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На двојните избори одржани вчера ДИК регистрирал вкупно 75.511 неважечки ливчиња, а интересно е што за претседателските избори имало многу повеќе неважечки ливчиња од оние за парламентарните избори.

Вкупно 48.237 ливчиња биле неважечки за претседателските избори, а 27.274 за парламентарните избори, што е за 20.963 ливчиња повеќе за изборите за претседател.

Најмногу неважечки ливчиња за претседателските избори има во Тетово 4018, а по него следува Чаир со 2828. Куманово имало 2635, па потоа следуваат Битола, Гостивар, а голем број имало и во скопските општини.

Стево Пендаровски од СДСМ вчера изјави дека на системски и организиран начин многу граѓани биле спречени да земат второ ливче.