Јаулески до Ахмети: “Прекрасно победничко утро кое вреди да се започне со кекси и млеко“/ФОТО

1667
Фото Фејсбук Јован Јаулески
Пратеникот Јован Јаулески, утрово со фотографија од неговиот појадок, млеко и кекси, го поздрави лидерот на ДУИ Али Ахмети, по неговите закани за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која вчера победи на парламентарните избори.

„Добро утро горда Македонијо!

Прекрасно победничко утро кое вреди да се започне со кекси и млеко.

Поздрав до Али. Не е така лоша комбинација, благодарам на советот“.

Инаку, на митингот на албанската коалиција која ја предводи, Ахмети му се закани на Христијан Мицкоски, велејќи му да не си ја бара бељата.

„Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што трипати е изгорена од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади, порача тогаш Ахмети.