БиХ: Нов случај на фемицид, маж ја убил сопругата со секира, а потоа се самоубил

Нов случај на фемицид се случи во Босна и Херцеговина каде маж уби жена во областа Градачац, а потоа се самоуби, потврди локалната полиција.

За оваа трагедија дојава добиле во средата вечерта, а полициските патроли кои биле испратени да интервенираат, во семејната куќа во населбата пронашле безживотно тело на 63-годишна жена.

Утврдено е дека таа била убиена со секира и дека убиството го извршил нејзиниот сопруг, кој побегнал од местото на злосторството во блискиот Сребреник и таму извршил самоубиство со бесење.

Локалните медиуми го идентификуваа убиецот или самоубиецот како Рефик Мујединовиќ. Во тек е истрага за утврдување на околностите и мотивите на делото.

Токму во Градачац, во август минатата година, љубоморен поранешен партнер ја уби Низама Хеќимовиќ и во живо на социјалните мрежи го пренесуваше чинот на нејзината злоупотреба и егзекуција. Се самоуби и убиецот Нермин Сулејмановиќ откако убил уште двајца случајни минувачи.