Радев: Многу брзо ќе стане јасно дали Силјановска-Давкова и новата влада ќе работат за европска перспектива на земјата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Бугарија, Румен Радев после резултатите од изборите во Македонија, кажа дека многу брзо ќе стане јасно дали новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на земјата.

„Секогаш сум бил за европската интеграција на Северна Македонија, но во согласност со принципите за добрососедство и Копенхашките критериуми за членство. А, тоа би значело промена на Устав и почитување на правата на македонските Бугари“, вели Радев.

Тој додаде дека и натаму е неопходна ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историски наследство.