Двојната победа е огромен предизвик, оцени ДС

Демократскиот сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции. Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава, се вели во нивното соопштение.

Дамка на целиот изборен процес со обиди за негово нарушување, посебно во текот на вчерашниот изборен ден, фрли водството на ДУИ, кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успееше со бојкотот.

Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичката, етничката или верската припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. ДУИ и СДСМ, граѓаните ги испратија во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид одговорност.

Победата е голема, а одговорноста е огромна, додаваат во соопштението.