Европските инвеститори претпазливи пред сесијата на BoE

На европските берзи се тргуваше претпазливо во четвртокот претпладнето по четирите дена последователен раст на цените на акциите, бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред состанокот на британската централна банка Bank of England (BoE).

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,01 отсто, на 8.355 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,25 отсто, на 18.545 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,06 отсто, на 8.126 поени.

Во фокусот на инвеститорите ќе биде седницата на првиот човек на британската централна банка. Иако не се очекуваат промени во монетарната политика, инвеститорите внимателно ќе ги следат пораките на челниците на банката.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истот период од дневнто тргување како и во Европа беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei ослабе за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Австралија паднаа за околу 1,1 отсто. Во Шангај и Хонгконг, пак, се зголемија меѓу 0,8 и 1,1 отсто. ВО

Инвеститорите во Кина беа охрабрени од подобрите од очекуваните податоци за надворешната трговија. Во април кинескиот извоз порасна за 1,5 отсто на годишно ниво, а увозот за 8,4 отсто.

Овие податоци ги поддржаа надежите на инвеститорите за зајакнување на странската и домашната побарувачка, имајќи предвид дека и извозот и увозот паднаа во март.