Евроамбасадорот Гир и честиташе на Силјановска Давкова за победата

36

Амбасадор на Европската Унија во земјава – Дејвид Гир, утрово на социјалната мрежа Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори.

– Честитки до Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата – напиша Гир.

Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски од СДСМ – 251.541 глас (29,25%).