НОВАТА ХРВАТСКА ВЛАДА ЌЕ ЈА СОЧИНУВААТ КОНЗЕРВАТИВНАТА ХДЗ И КРАЈНАТА ДЕСНИЦА

    НОВАТА ХРВАТСКА ВЛАДА ЌЕ ЈА СОЧИНУВААТ КОНЗЕРВАТИВНАТА ХДЗ И КРАЈНАТА ДЕСНИЦАЛидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, ќе го добие третиот премиерски мандат по ред (Фото: АП)

    Конзервативната Хрватска демократска заедница (ХДЗ) договори формирање влада со крајната десница, што ќе ја насочи Хрватска уште понадесно во пресрет на изборите за Европскиот парламент. Владејачката ХДЗ и Татковинско движење постигнаа договор неколку недели по одржувањето на парламентарните избори, на кои ниедна партија не освои мнозинство.

    Лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, ќе го добие третиот премиерски мандат по ред, а неговата влада би можела да биде одобрена во парламентот уште следната недела.

    Татковинско движење е релативно нова политичка партија составена главно од радикални националисти и од конзервативци кои заминале од ХДЗ. Предводена е од актуелниот градоначалник на Вуковар, Иван Пенава.

    За првпат по долги години, во хрватската влада нема да има претставник на српското малцинство, откако Татковинско движење се спротивстави на тоа. Хрватските медиуми објавија дека двете партии веќе ги поделиле министерствата, при што Татковинско движење треба да добие три.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира