Поранешниот премиер и актуелниот технички премиер освоија вкупно 5 пратеници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ден на сумирање на резултатите од парламентарните и претседателските избори. Веќе пишавме дека СДСМ освои најмал број гласови на парламентарни избори од осамостојувањето на Македонија од 1991 година.

После вчерашните резултати е јасно дека поранешниот премиер Димитар Ковачевски и сегашниот технички премиер Талат Џафери освоија вкупно пет пратеника. Толку освоиле нивните партии (не коалиции). Ковачевски во ИЕ 1 освои три пратеника, но со напомена дека Моника Зајкова е од ЛДП, додека Талат Џафери во ИЕ 6 освои три пратеника.