Претседателката на ДОМ, Морачанин поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин синоќа на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

– Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.