Се запали локомотива во Гевгелија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие бил евидентиран еден пожар на отворено вчера во Охрид а во Гевгелија синоќа имало еден невообичаен пожар на железничката станица во Гевгелија.

Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно ПП возила и два пожарникари од 00.30 до 01.07 часот имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица.

Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува, појаснуваат од ЦУК.