Орбан, Вучиќ, Пленковиќ со честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.

Тој во пораката објавена на платформата Х, вели дека е убеден оти двете земји ќе продолжат да работат заедно на зајакнување на врските со цел напредок и благосостојба, како и на просперитетот на целиот регион.

– И честитам на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија за таа цел на напредокот и благосостојбата на нашиот народ, како и на просперитетот на целиот регион, пишува Вучиќ.

Честитка за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Силјановска-Давкова упати и унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.

  • „Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановски-Давкова за заслужената и историска победа на претседателските и парламентарни избори! Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа „Х“.

Честитки упати и поранешниот словенечки премиер, Јанез Јанша.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на социјалната мрежа „Х“ isto taka им ја честиташе победата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и новоизбраниот шеф на државата Гордана Силјановска Давкова.

-Честитки до Христијан Мицкоски на убедливата изборна победа за ВМРО-ДПМНЕ. Се радувам за продолжението на одличната соработка меѓу Хрватска и Северна Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, објави Пленковиќ на Х.

И еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори.

– Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори, наведе Вархеји во честитката на платформата X.