ФОТО: Историски најслаб резултат на СДСМ на парламентарни избори, првпат под 200.000 гласови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Историски најслаб резултат ќе има СДСМ во оваа 2024 година на двојните избори, и на парламентарните и на претседателските.

На парламентарните избори СДСМ во моментов со над 99% пребројани гласови, има 18 мандати, или еден помалку од Европскиот фронт на ДУИ, а максималната бројка која може да ја достигне е 19 мандати. СДСМ на парламентарните избори оваа година освои 153.250 гласови, што е историски најмал број, и загуби речиси со тројна разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови се до вчерашниот изборен ден. Најслаб резултат до вчера имаше Владо Бучковски во 2006 година кој освои 218.463 гласови, што е за 65.000 повеќе од вчерашниот резултат на оваа партија.

На претседателските избори, Стево Пендаровски во моментов има 250.541 глас, и до крајот на пребројувањето може да стигне до нешто повеќе, но дефинитивно ќе биде најголемата разлика со вториот кандидат во историјата. Како стојат работите во моментов, разликата изнесува повеќе од двојно, односно над 300.000 гласови разлика со кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, која во моментов има 560.170 гласови. Пендаровски во првиот круг го имаше најслабиот резултат на еден претседател кандидиран од страна на СДСМ. Тогаш освои 175.413 гласови.