Маја Морачанин поднесе оставка од претседателската функција на ДОМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

После поразот на коалицијата на СДСМ, претседателката на ДОМ Маја Морачанин поднесе оставка од функцијата. Одлуката ја соопшти на социјалните мрежи.

„Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Морачанин на „Фејсбук“.