Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на некои места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Утринската температура е во интервалот од 7 до 13, а највисоката дневна соодветно ќе се движеи од 16 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.