Орбан им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и Силјаноска Давкова

293
EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Премирот на Унгарија, Виктор Орбан меѓу првите им честиташе на Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова за историската победа на двојните избори во Македонија.

– Честитки до ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ!, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.