Силјановска освои над 500.000 гласови

Убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова на денешните претседателски избори во Македонија.

Таа до овој момент има освоено  506.955 гласови, но сѐ уште не се изброени 100 % од гласачките ливчиња.

Граѓаните денеска покажаа граѓански имунитет и отпорност пред притисоците и се одважија да излезат стамено, достоинствено и стоички да го дадат гласот за оној кандидат за кој тие сакаат, рече кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова на вечерашната прес конференција.

Таа уште кажа дека ова не е време за поделби, фалби и триумфализам туку мора сите да се обидеме да ставиме крај на балканизацијата, да се обидеме да помагаме едни на други.

„Во политиката не можете да се однесувате со емоции туку рационално. Затоа ние мораме меѓусебе да се разбираме, да се помагаме, да не посегаме по вето туку да посегаме по поддршка“, рече Сиљановска Давкова.