Вучиќ и честиташе на Силјановска-Давкова за победата на претседателските избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и честиташе на Гордана Силјановска-Давкова победа на претседателските избори во Македонија.

„И честитам на Гордана Силјановска-Давкова на изборите за претседателка на Северна Македонија, со желба успешно да ја обавува должноста која ја презема. Уверен сум дека заеднички ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските помеѓу Србија и Македонија, со цел напредок на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, наведе Вучиќ.